За една година Кинезите потрошиле дури 22 милијарди долари на купување недвижнини на Менхетн, со што ги надминаа Русите.
“Прво прашуваат за Централ парк. Повеќето од моите клиенти сакаат апартмани со поглед на Централ парк или да се во опкружувањето на Централ парк”, објаснува брокерот Даниел Чанг, кој често патува во Кина, каде се состанува со потенцијалните купци.
Кинезите неодмана по бројот на купени недвижнини на Менхетн по прв пат ги надминаа Русите, а давањето на големи количини на пари на станови го доживуваат како добра инвестиција или сигурно живеалиште. Во новите згради повеќе од половината се странци, а меѓу нив преовладуваат Кинези.
“Политичката ситуација во Америка е стабилна. Вложувањето во недвижнини е како да ги ставите парите во сеф, а цените растат. Купувачите не мораат да стравуваат дека имотот ќе им биде одземен”, вели Чанг.
Спрема извештајот на американската национална асоцијација на трговците со недвижнини (NRA), Канаѓаните повеќе котираат од Кинезите по бројот на трансакции, но кога е во прашање цената, Кинезите се тие кои купуваат далеку најскапи куќи.
Сепак Кинезите не купуваат куќи и станови само во Њујорк туку ширум САД. Причините на купување недвижнини во САД се бројни, но една од нив е нагорната линија на економијата во Кина која е непрекината во последните три децении. Исто така, Кина се соочува со проблемот на корупција и затајување на данок, а фактот дека Кинезите во 75% од недвижнините ги плаќаат кеш, отвара сомнеж дека парите во Кина се стекнати на илегален начин.
“Economist” објави дека секој десетти турист во светот е Кинез. Во 2013 година околу 97 милиони Кинези патувале некаде, на што потрошиле 129 милијарди долари, што е најмногу од сите туристи. Меѓу омилените дестинации освен САД е Европа а посебно Париз.
{loadposition content9}