Skip to main content

Кинезите и понатаму во офанзива

Alibaba влегува на пазарот на паметни телефони

 |  инфодеск  | 

Сѐ поевидентно е дека Кинезите од “евтина работна сила која работи за големите играчи” и “смешни ликови кои изработуваат евтини копии на скапи телефони” брзо се трансформираат во лидери на пазарот, а со вакво сценарио гледаме дека остатокот на светот се повлекува пред налетите на кинескиот капитал и технологија. Повеќе не е спорно дека Кинезите покажаа и докажаа дека знаат и можат да приозведат квалететен производ по конкуретни цени, а тоа ги загрижува многумина.

Новиот удар од кинеското подрачје пристигна по објавата дека Alibaba, чии акции вредат повеќе од оние на Amazon и eBay во комбинација, влегува на пазарот на паметни телефони. Имено, Alibaba купи удел во компанијата Meizu која веќе се занимава со производство на смартфони, а вкупниот износ на инвестицијата изнесува 590 милиони долари. Аналитичарите ова го нарекоа стратешко вложување кое е само почеток, бидејќи се предвидува дека се движат во насока на сериозна пенетрација на пазарот на паметни телефони.

Притоа воопшто не ги обесхрабрил неуспехот на Amazon со сопствениот смартфон, напротив тие се уверени дека имаат сила а и капитал за загрозување на лидерите во овој сегмент. 

{loadposition content9}