Капетанот на кобниот лет на Air France решил да отспие бидејќи бил преуморен од претходната ноќ во Рио каде се забавувал со својата девојка, оперска пејачка, која исто така била на кобниот лет.
Двајца од тројцата пилоти на Air France спиеле додека единствениот буден сфатил што ќе се случи и извикал “Еб…, мртви сме”. Нивниот авион потоа се сруши во океанот со 228 патници и членови на екипажот.
Несреќата на Airbus 330 се случи во мај 2009 година, а новите стравични детали од последните моменти на летот 447 од Рио де Жанеиро кон Париз се објавени во октомвриското издание на Vaniti Fair. По најновите информации за летот на кој немаше преживеани, се поставуваа безброј прашања за безбедноста на патниците, односно “навиките” на пилотите на Air France, пишуа Daily.
Снимките од разговорот помеѓу 37 годишниот David Robert, Pierre-Cedric Bonin (32) и Marc Dubois (58) откриваат дека двајца од нив спиеле додека авионот се борел со тропски ураган. Имено, Dubois одлучил малку да поспие, а управувањето со авионот го препуштил на најмладиот меѓу нив, Bonin. Капетанот всушност бил преуморен од претходната ноќ во Рио, каде се забавувал со својата девојка, оперска пејачка која исто така била на кобниот лет.
“Спиев само еден час, а тоа ни одблизу не е доволно”, им рекол Dubois на своите колеги.
Во борбата со ураганот, авионот почнал да ја губи висината, а младиот пилот не постапувал според протоколот, веројатно го фатила паника. Dubios влегол во кабината 1 минута и 38 секунди откако авионот откажал послушност, но било доцна.
“Еб…,ќе паднеме! Ова не е вистина! Како се случи ова?” викал David Robert кој исто така се пробудил. По ова се слуша Bonin како вика “Еб…, мртви сме!”
“Ако капетанот останел буден, барем уште 15 минути, можеби сѐ би се завршило поинаку. Не верувам дека во прашање е замор, туку повеќе би рекол дека е вообичаена пракса на пилотите од Air France. Неговото однесување не е спротивно на правилата. Но, сепак ако сте одговорни за патниците и авионот, нема да одите на спиење додека надвор има ураган пред вас”, изјавил главниот истражител на несреќата Alain Bouillard.
И Air France и Airbus се соочени со обвиненија за убиство, но тврдат дека пилотите работеле по протокол. Две години беа потребни да се пронајдат телата на сите загинати.
{loadposition content9}