Skip to main content

Коцкар заработил на шкотскиот референдум

Вложил огромна сума на пари за обложување на референдумот

 |  инфодеск  | 

Британски коцкар, воедно поддржувач на оние што биле против независност, вложил скоро 900 илјади фунти во обложувалница верувајќи дека Шкотланѓаните нема да изгласаат независност и објавата на резултатите му донела заработка од скоро 200 илјади фунти.

Тој направил четири вложувања со износ од 900 илјади фунти почнувајќи да се обложува од јуни месец наваму, објавила обложувачката куќа William Hill.

Спрама Hill, најголема британска обложувалница, вкупно биле уплатени околу три милиони фунти на облози за резултатите на шкотскоит референдум.

Проценките на обложувалниците биле дека Шкотска ќе ја одбие независноста на референдумот, што се покажа како точно.

{loadposition content9}