Skip to main content

Кои се најдебелите нации на светот?

Ова истражување, секоја година го спроведува Светската здравствена организација. Станува збор за мерење на индексот на телесна тежина, кој претставува однос помеѓу висината и тежината.

 |  Маја Савиќ  | 
debelina
дебелина

Ова истражување, секоја година го спроведува Светската здравствена организација. Станува збор за мерење на индексот на телесна тежина, кој претставува однос помеѓу висината и тежината. Индекс со износ 25 веќе се смета за преголема тежина, додека 30 и повеќе е сериозен индикатор на дебелина.
debelina
Првото место по дебелина на населението го зазема пацифичката земја  Науру (95% од населението постаро од 15 години), на 8-мо место се САД каде 79% од населението има прекумерна тежина.

Грција е најдебелата европска нација, додека најслабата европска нација се романците.

Македонија се наоѓа точно на половина од листата (на 100-то место, 47% од населението има прекумерна тежина) и во европски рамки само 10 земји се послаби од нас.

Јапонија и Сингапур се единствените развиени земји чие население е слабо. Во овие земји само 22% од жителите имаат вишок тежина.

На самото дно се наоѓаат Еритреја, Етиопија и Бангладеш со 4-6% од населението со прекумерна тежина. Но, сите знеме дека таму има некои други причини за таа состојба.


{loadposition content9}