Кој ги мрази Олимписките игри?
Јапонецот Кохеи Јино едноставно не сака да слушне за Олимписките игри.
Јапонецот Кохеи Јино едноставно не сака да слушне за Олимписките игри.
Јино во 1964. година морал да ја пресели куќата и својата продавница затоа што на тоа место било предвидено изградба на Олимпискиот парк. Јино ги спакувал работите се преселил на другиот дел од градот во близина на олимпискиот стадион во Токио.
Веста дека Токио е домаќин на Олимписките игри во 2020 година Јино не ја прими најдобро бидејќи неговиот дом и продавница повторно пречат затоа што Јапонците сакаат поголем стадион.
Седумдесет и деветгодишниот малерозен Јапонец повторно ќе мора да се сели.
„Не сакам веќе да ги видам Олимписките игри. Имам многу негативни чувства кон нив. Можеби ќе завршам некаде на друго место каде не ќе можам да имам своја продавница, а потоа ќе ја загубам волјата за живот“, изјави Јино, кому тешко му падна новото селење.
{loadposition content9}