Skip to main content

Кој го обвинува Рафа за допинг?

Поранешниот австриски тенисер Даниел Колерер, кој е доживотно суспендиран од „белиот спорт“ поради користење допинг, тврди дека не е можно Рафаел Надал да остварува такви фантастични резултати без да користи недозволени стимулативни средства.

 |  Голабовски Крсте  | 
лого
logo

Поранешниот австриски тенисер Даниел Колерер, кој е доживотно суспендиран од „белиот спорт“ поради користење допинг, тврди дека не е можно Рафаел Надал да остварува такви фантастични резултати без да користи недозволени стимулативни средства.

Rafael NadalОваа негова изјава, дадена за швајцарскиот „Блик“, се очекува да предизвика цунами од реакции во светот на тенисот.

„Надал користи допинг, мислам дека тоа му е јасно и на најмалото дете. Седум месеци паузираше, а потоа се врати и победи на десет од 13 турнири на кои што настапи. Тоа едноставно не е можно. Тој можеби се повлече токму за да го затскрие користењето на недозволени допинг средства. Навистина ќе биде страшно, доколку и официјално биде откриено дека Шпанецот се допингува“, изјави Даниел Колерер.

Ова е навистина скандалозна изјава на Австриецот Колерер, кој, сепак, многу повеќе е познат по своите инциденти и скандали во светот на тенисот, отколку по добрите резултати и по освоените турнири.

{loadposition content9}