Во која земја болно дете има поголеми шанси да преживее?
Швајцарија го зазема првото место, по неа следат Финска, Ирска, Норвешка, Белорусија, Данска, Шведска, Куба, Узбекистан и Германија.
Меѓу првите 20 земји со најдобра здравствена заштита за децата се и Русија, Франција, Чешка, Велика Британија, САД, Казахстан, Австралија, Нов Зеланд и Литванија.
Од балканскиот регион, Словенија е на 21 – то место, Италија на 22, Словачка на 25, Австрија и Унгарија на 26 место.
Пред Македонија, која се наоѓа на 44 место на оваа листа, од бившите југословенски републики е и Хрватска, која го зазеде 36-тото место, додека Црна Гора е на 51, Србија на 54, а Босна и Херцеговина на 63-то место.
Дното на списокот, меѓу 20-те држави со најлоша здравствена заштита за децата, го држат 13 африкански земји, каде има малку повеќе од двајца здравствени работници на една илјада жители.
Анализата се базира на три показатели – бројот на лекари, болничари, бабици и други здравствени работници на една илјада жители, бројот на децата вакцинирани против дифтерија, тетанус и пертусис, како и бројот на бабици присутни на пораѓањето.
Во земјите со хроничен недостиг на здравствени работници, болестите како што се воспаление на белите дробови и дијарејата, што можат едноставно да се излекуваат, стануваат смртоносни болести, се заклучува во извештајот.
{loadposition content9}