Колосална статуа на Исус во Полска
Колосална статуа на Исус Христос, поголема и од онаа во Рио Ди Жанеиро во Бразил, вчера била поставена во полскиот град Свиебоджин.
| Маја Савиќ | Свет
Статуата во малиот полски град, кој се наоѓа во западниот дел на земјата, е висока 33 метри, а е поставена на постоље високо 17 метри. Изградена е со приватни донации. Ја осмислил пак, локалниот свештеник Силвестер Зањадцки.
На поставувањето на статуата се собрале неколку илјади луѓе. Според организаторите имало околу 20.000 верници, кој во рацете држеле знамиња на Полска и на Европската унија. Колосалниот кип на Исус во Полска предизвикал и спротивставености. Едни тврделе дека тој е кич и срам за земјата, додека другите имале став оти во малиот град ќе привлече голем број на туристи.
{loadposition content9}