Германскиот, францускиот и грчкиот лидер, но и лидерот на Европскиот совет на маса изнеле компромисен предлог кој би помогнал Грција да остане во еврозоната, а истиот е проследен до останатите лидери на членките на еврозоната на усвојување, наведува денес извор близок на преговорите.
“Постои договор на четворицата кој е проследен на сите останати членки на еврозоната”, навел изворот за агенцијата France Press, веднаш откако Европскиот совет објави продолжување на расправата на самитот со компромисот кој е на маса.
Компромисот го претставија германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, наведува извор близок на преговорите.
“Останаа две отворени прашања, но припремивме терен и се договоривме за сѐ што преостанува”, наведува извор од грчката делегација.
Спорните точки се учеството на Меѓународниот монетарен фонд кој Грција не го сака во новата програма за спасување, и создавањето на фонд во Луксембург од 50 милијарди грчка актива со која би се осигурало спроведувањето на приватизацијата во земјата, што е идеја која Атина исто така ја одбива, рекол изворот.
“Со пиштол на глава кој би се согласил”, рекол изворот укажувајќи на тежината на финансиската ситуација во која се наоѓа Грција и нејзините банки за да се оправдаат концесиите кои мора да ги направи грчката влада.