Skip to main content

Кондолиза Рајс пристигна во ненајавена посета на Пакистан

Aмериканскиот државен секретар Кондолиза Рајс пристигна во ненајавена посета на Пакистан, пренесоа светските агенции.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kondoliza Rajs
Кондолиза Рајс
Aмериканскиот државен секретар Кондолиза Рајс пристигна во ненајавена посета на Пакистан, пренесоа светските агенции.

Посетата на Рајс на пакистанската престолнина Исламабад ќе трае само пет часа.
Рајс вчера беше во Индија, каде го изрази американското сочувство за ужасот што Индијците го преживеаја во нападите во Мумбај од минатата недела, во кој загинаа приближно 180 лица, меѓу кои и шестмина Американци.

Kondoliza Rajs На пат од Њу Делхи за Исламабад Рајс во авионот, пред новинарите кои ја следат нејзината посета, изјави дека глобалната закана на екстремизмот и тероризмот треба да биде пресретната од сите држави, кои против овие закани треба да преземат цврста и непоколеблива линија.
Во Пакистан Рајс ќе има средба со политичкото раководство на земјата, како и со воени претставници. Таа со нив ќе ги искоментира нападите во Мумбај, за кои се смета дека вината ја носи исламистичката група „Лашкар е тајба“, сместена во Пакистан.

Се очекува Рајс повторно да го повика Пакистан на соработка со Индија во истрагата за нападите. Таа, и вчера од Њу Делхи упати ваков повик.
Посетата на Рајс на Индија и Пакистан е дел од обидите на западните држави да ги измазнат односите меѓу двете соседни нуклеарни сили.

 

 

{loadposition content9}