Skip to main content

Лондонска берза

Конечно пад на цената на нафтата на берзите

На домашниот пазар последното поскапување на цената на горивата беше пред само два дена, како последица на неколкукратното поскапување во кус временски период.
 |  инфодеск  | 
Бензинска станица

Се намали цената на нафтата на светските берзи.

На Лондонскиот пазар утрово таа чини 113 долари, а тоа е значително намалување на цената во однос на претходниот период кога чинеше 121 долар за барел.

На домашниот пазар последното поскапување на цената на горивата беше пред само два дена, проследено со неколкукратно поскапување во кратко временски период.

Според последната состојба се очекува нивелирање на цените од страна на РКЕ со што би се намалиле истите на банзинските станици ширум Македонија.