Skip to main content

Контроверзен закон за помош на дебели деца

Родители на дебели деца ќе бидат казнувани

 |  инфодеск  | 

Законодавците во Порторико сериозно ја разгледуваат можноста за донесување на закон кој би вовел казни за родителите на дебелите деца.

Законот, сметаат во оваа карипска земја, би требало да го подобри здравјето на најмладите и да им помогне на родителите во донесување на исправни одлуки кога е во прашање исхраната во фамилијата. Во спротивно ги чека казна во износ од 800 американски долари.

Расправата за новиот закон започнува оваа недела, најавил сенаторот Gilberto Rodrigez.

Доколку новиот закон ја помине потребната процедура, наставниците во јавните училишта ќе имаат обврска да ги пријават дебелите деца кај училишниот педагог или на социјалната служба, во завизност од сериозноста на случајот.

Здравствените работници потоа би се сретнале со родителите на тие деца и ќе се утврдува дали причината е исхраната или е од медицинска природа. Потоа експертите би составиле диета и програма за вежби на детето и секој месец ќе се проверува дали родителите се држат до пропишаната програма.

По шест месеци овластените лица ќе спроведат нова контрола, а ако не се покаже напредок во намалување на килограмите и подобра здравствена состојба на детето, родителите би можеле да бидат казнети со глоба во износ од 500 до 800 долари.

Се проценува дека повеќе од 28% од децата во Порторико се дебели, но многу лекари во таа островска држава се противат на овој закон за кој сметаат дека е нечесен и дека на проблемот со дебелината на децата  му се приоѓа на погрешен начин.

{loadposition content9}