Skip to main content

Ако сте ја користеле оваа апликација сменете ја лозинката на Instagram

InstaAgent апликацијата меѓудругото објавува фотографии без знаење на корисникот

 |  инфодеск  | 

На онлајн продавниците за Android и Apple уредите можат да се пронајдат апликации со чија помош наводно може да се дознае кој ви го прегледува профилот на Instagram. И покрај тоа што од оваа компанија повеќепати ги предупредуваа корисниците на потенцијалн опасност, сепак стотици илјади луѓе ја превземале една од најпопуларните апликации од тој тип InstaAgent. Прегледувајќи ги податоците за оваа апликација, еден програмер на апликации за iOS уреди открил дека InstaAgent не ги шифрира податоците, односно корисничките имиња и лозинките на корисниците на Instagram ги праќа на непознат сервер (instagram.zunamedia.com кој нема никаква врска со Instagram).

Исто така, тој открил и дека апликацијата објавува фотографии без знаење на корисникот и овие сознанија, односно предупредувања ги споделил на Twitter. Од Google веднаш реагирале и го отстраниле InstaAgent од GooglePlay, додека на Apple му требало повеќе време, но сепак и тие ја отстраниле спорната апликација.

Иако оваа апликација веќе не може да се превземе, загрозени се стотици илјади корисници (проблем е ако корисничките имиња и лозинки се користат и на други сервиси) и се препорачува корисниците да ги сменат лозинките на Instagram.