Skip to main content

Косовските сили за безбедност започнуваат со работа

Косовските сили за безбедност (КСБ), обучени од НАТО, започнуваат со работа денеска.

 |  Крсте Голабовски  | 
kosovsko zname
косовско знаме
Косовските сили за безбедност (КСБ), обучени од НАТО, започнуваат со работа денеска.

Формирањето на силите за безбедност е предвидено со планот на Марти Ахтисари, со што завршува работата на Косовскиот корпус за заштита.

КСБ ќе бројат 2.500 активни припадници и 500 резервисти, а според најавите на министерот за одбрана, Фехми Мујоте, новата воена формација ќе биде опремена со лесно вооружување. Во почетокот ќе биде задолжена за кризни ситуации, цивилна заштита и складирање на муниција.

sili za bezbednostКако што е најавено, еден од замениците министри за одбрана ќе биде Србин.

Марко Јакшиќ, еден од лидерите на Србите од северно Косово за радио „Косово и Метохија“ изјави дека тоа би била голема грешка.

„Мислам дека Срби нема да има во КСБ и би било штета да ги има таму, затоа што тоа е една монструм држава која што се гради врз темелите на српската несреќа и српскиот прогон. Затоа таму нема место за Србите“, смета Јакшиќ.

 

 

{loadposition content9}