Крај на заложничката драма во Најроби
Кениската војска утринава изврши уште еден напад врз терористите во трговскиот центар во Најроби каде веќе два дена трае крвава заложничка драма.
Кениската војска утринава изврши уште еден напад врз терористите во трговскиот центар во Најроби каде веќе два дена трае крвава заложничка драма. Во нападот учествуваат и израелски командоси а владата соопшти дека најголем дел од трговскиот центар веќе е во рацете на војската, како и дека поголемиот дел од заложниците се ослободени.

Според последните информации, исламистичките екстремисти убиле 68 луѓе додека над 200 се повредени. Агенциите пренесуваат дека терористичката акција во Кенија ја извеле 10 до 15 припадници на сомалиската група Ал Шабаб и дека меѓу напаѓачите има и жени.
{loadposition content9}