Крстарење од пеколот
Над 2.200 патници на луксузниот крузер Ројал Карибиен предвреме го завршија патувањето, откако на бродот изби пожар. На бродот се наоѓале и 796 членови на екипажот.
Над 2.200 патници на луксузниот крузер Ројал Карибиен предвреме го завршија патувањето, откако на бродот изби пожар. На бродот се наоѓале и 796 членови на екипажот.
Ниту еден од патниците не е повреден, а инцидентот се случил вчера околу три часот наутро додека крузерот бил на Бахамите.
Меѓу патниците завладеала паника, па многу од нив ги напуштиле собите, облекле појаси за спасување и се подготвиле за евакуација.
Бидејќи пламените јазици не зафатиле голем дел од бродот, пожарот брзо бил ставен под контрола и изгаснат.
Од компанијата соопштија дека сите патници со чартери ќе бидат вратени дома и во целост ќе бидат обесштетени.
Причината за пожарот се уште се истражува.
{loadposition content9}