Крвава ноќ во Киев
Украинските опозициски лидери изјавија дека разговорите со Претседателот Виктор Јанукович во средата завршиле без конкретен резулатат за надминување на кризата во државата.
Украинските опозициски лидери изјавија дека разговорите со Претседателот Виктор Јанукович во средата завршиле без конкретен резулатат за надминување на кризата во државата.
Опозициските лидери Витали Кличко, Aрсениј Јанцјенук и Олег Туанчубек бараат Јанукович да распише претседателски избори за 24 часа за да се стави крај на насилствата меѓу полицијата и демонстрантите, во кои вчера загинаа двајца демонстранти.
Украинското претседателство оцени дека разговорите во средата се првиот чекор во преговорите. Но опозициските лидери изјавија дека продолжуваат протестите против полициската акција. Кличко за денеска напладне најави генерален штрајк.
Во Киев утрово дојде до спорадични судири меѓу полицијата и демонстрантите, но ситуацијата во однос на вчера е посмирена.
Во текот на ноќта демонстрантите ги зајакнува нивните барикади со вреќи со песок, додека тие фрлаа со камења, полицијата одговори со шок бомби.
Украинската полицијата за сузбивање демонстрации утринава беше распоредена во центарот на Киев на улица Грушевски а демонстрантите цврсто стојат на барањето Јанукович да ја распушти владата и да објави предвремени избори.
Русија нема да интервенира во Украина, каде што се разгорија анти-владините протести и верува дека украинските власти ќе најдат решение, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Путин се уште лично не се огласи за насилни судири во Киев, во кои загинаа пет демонстранти, од кои четирица беа погодени со огненои оружје.
Протести во центарот на Киев започна во ноември, кога на украинската влада одеднаш одлучи да не го потпише договорот со ЕУ и се сврте кон Русија.
Илјадници луѓе се собраа минатата ноќ пред американската амбасада во Киев и протестираа против американското мешање во внатрешните работи на Украина.
{loadposition content9}