Откако ураганот Рафаел ја погоди Куба минатата недела предизвикувајќи уништување на островската земја и колапс на електродистрибутивната мрежа, два земјотреси го потресоа југоисточниот дел на земјата вчера наутро по локално време. По првичниот земјотрес со јачина од 5,8 степени, имаше посилен последователен потрес со јачина од 6,8 степени.
Епицентарот бил на околу 35 километри од брегот на провинцијата Гранма и на околу 175 километри од главниот град Сантијаго де Куба, изјавиле од Националниот сеизмолошки центар на Куба.
Според експертите, земјотресот иако со значителна јачина не претставува закана за цунами, но не се исклучува можноста за поголеми бранови во близина на епицентарот.
Фото: X