Икеа смета дека кујната на 21 век не би требало да биде место полно со паметни апарати кои би помагале при готвењето, туку технолошки центар на секој дом.
Оваа шведска компанија во соработка со уште некои компании го претстави “концептот на кујна 2025”, а за што станува збор можете најдобро да видите во видеото подолу. Како што велат во компанијата, оваа технологија би требала да им заштеди на домаќинствата време и едукација при готвењето.
Центарот на системот е масата над која е поставен пакет на сензори и камери со прожектор кој на подлогата на масата прикажува рецепти и ги препознава намирниците, така што истовремено дава совети и идеи за припремање на јадењето.
Засега ова е само концепт, но лесно е можно до крајот на десетлетието оваа техологија да ја видиме во секоја кујна.
{loadposition content9}