Ноќта меѓу недела и понеделник начелно се договорени условите по кои ЕУ повторно ќе им помогне на Грците во отплатата на натрупаните долгови, а во текот на денот ќе бидат договорени техничките детали за испорака а потоа и одобрени од грчкиот парламент.
Инвеститорите на финансиските пазари позитивно реагираа на оваа вест и масовно почнале да купуваат акции и евра, а го распродавале златото. Во текот на ноќта и утрово американскиот SP500 индекс пораснал за 0,38%, германскиот DAX за 0,76%, а шпанскиот IBEX35 дури за 1,26%. Цената на златото, која секогаш се движи спротивно од акциите, паднала за 0,73%, а курсот на еврото во однос на американскиот долар, по привремениот раст почнал нагло да опаѓа што е 0,60% под нивото кој беше во петокот.
Откако договорот ќе се финализира и ситуацијата поврзана со Грција ќе се смири, може да се очекува раст на курсот на еврото во однос на сите валути, а тоа се темели на враќање на капиталот во Европа по масовното префрлање во други делови од светот поради стравот од нестабилност која би се случила ако Грција излезеше од еврозоната.
Но, аналитичарите сметаат дека јакнењето на еврото ќе биде привремено и дека тоа ќе расте само неколку проценти а потоа повторно очекуваат да паѓа.
Имено, Европската централна банка се обидува каматните стапки да ги намали што пониско за да поттикне инвестиции и потрошувачка во еврозоната, а на темелот на ниски камати сѐ повеќе инвеститори капиталот го префрлуваат во САД каде очекуваат поголеми приходи на основ на раст на каматните стапки. Префрлувањето на капиталот предизвикува распродажба на евра и купување на долари, а тоа пак ја зголемува побарувачката на долари , а на тој начин вредноста се зголемува.
Поголемата побарувачка на доларот ќе потрае барем уште една година или две и во тој рок доларот веројатно ќе се зголеми за уште 5-10%, а можно е на кратко да стане и посилен од еврото, велат аналитичарите.