На IT џинот Microsoft секој квартал му носи голема количина на заработени пари – по некои проценки и до неколку милијарди долари, но на Wall Street не му е доволно – еве и зошто е тоа така.
Американските инвеститори сакаат да следат и да оценуваат успешни компании спрема тоа колку пари заработуваат по вработен. За фискалната 2013 година секој вработен во Microsoft заработил 220.800 долари нето приход, односно 786.500 долари вкупен приход, пишува Neowin.
Сумата е огромна, особено ако се има предвид дека Microsoft вработува околу 100.000 работници. Но, сепак тоа не е впечатливо ако се спореди со Google и Apple. Apple по вработен заработува 461.200 долари нето приходи и 2.128.400 долари вкупен приход по глава на вработен, а вработените во Google носат по 270.500 долари, односно 1.252.700 долари. Заради споредба, Google има околу 48.000 вработени, а Apple околу 80.000.
На Microsoft за утеха му останува дека други џинови, како Oracle и IBM се зад него.
{loadposition content9}