НАСА по вторпат го одложи лансирањето на ракетата „Артемис 1“ од космодромот Кејп Каневерал.
Големата мисија околу Месечината овој пат беше одложена поради истекување на горивото при полнењето.
Кога виделе дека горивото почнало да истекува од моторниот простор на дното на ракетата, НАСА ја прекинала операцијата, додека инженерите се обидувале да ја затнат дупката во отворот.
Ова е втор неуспешен обид за лансирање на ракетата – претходниот не успеа во понеделникот, кога истече гориво и дојде до дефект на сензорот на моторот.
Нов обид за лансирање ракета на Месечината
Доколку НАСА во следните денови не успее да ја лансира Артемис, возилото ќе мора да се врати на преглед и одржување, што ќе значи дополнително одложување. Според плановите, НАСА до 2025 се надева астронаутите да слетаат на Месечината.