Skip to main content

Нова екстремна забава за милијардерите

Лет до работ на вселената за 450.000 долари

Virgin Galactic, Unity полета од пистата во Ново Мексико и достигна височина од 85.000 метри со што се приклучи во трката за вселенски туризам, заедно со Blue Origin на Безос и SpacеX на Маск.
 |  инфодеск  |  ,
Вирџин Галактик

Сер Ричард Бренсон официјално влезе во бизнисот со вселенски туризам за милијардери кога неговиот ракетен авион од Virgin Galactic, Unity, вчера полета од пистата во Ново Мексико и достигна височина од 85.000 метри.

Двајца полковници на италијанските воздухопловни сили и еден воздушен инженер од Националниот совет за истражување на Италија им се придружија на инструкторот на Virgin Galactic и на двајца пилоти на авионот на 90-минутниот суборбитален лет.

На најголемата надморска височина, екипажот доживеа неколку минути бестежинска состојба со исклучување на моторот пред леталото да влезе во режим на повторна орбита и да се врати на пистата во близина на Ел Пасо.

Летот претставува пробив за Virgin Galactic во вселенскиот туризам на кој Бренсон работи од 2004 година. Компанијата на Бренсон продаде околу 800 билети за овие патувања по неверојатна цена – до 450.000 долари по седиште. Компанијата планира на крајот да изгради доволно голема флота за да може да реализира 400 летови годишно.

Virgin е најновата компанија основана од милијардер, која се приклучи на трката за вселенски туризам, заедно со Blue Origin на Џеф Безос и SpaceX на Илон Маск.

Ова потенцијално опасно патување се случува само неколку дена по несреќата со подморницата Титан, која требаше да однесе богати патници да ги видат остатоците од Титаник на дното на океанот.