Skip to main content

Летечките автомобили стануваат реалност

Во продажба за две години

 |  инфодеск  | 

Словачката компанија AeroMobil почна со развој на концептот на летечки автомобили уште во деведесетите години, а кон крајот на минатата година е најавен AeroMobil 3.0 кој од октомври започна со тестирања и пробни возења, односно летања со ова превозно средство, а извршниот директор на оваа компанија Juraj Vaculik најави дека негова продажба може да се очекува во 2017 година. Додека првите концепти на летечки автомобили бараа авионски писти, новиот модел може да полетува и слетува на тревнати површини така што Vaculik предложил во иднина покрај автопатиштата да се направат големи тревнати површини за летечките автомобили.

Овој хибрид помеѓу автомобил и авион на почеток ќе биде “играчка” за богатите чија цена ќе изнесува неколку стотици илјади евра, но шефот на AeroMobil верува дека со тек на време неговата цена ќе биде многу помала и прифатлива на поголем број луѓе. Освен високата цена, еден од големите проблеми во наредните години со кои ќе се соочи оваа компанија ќе биде носењето на закони и правила со кои ќе се овозможи користење на овие хибридни возила, бидејќи сопствениците ќе мораат да имаат и дозвола за пилотирање.

Што се однесува до техничките детали на страницата на AeroMobil се наведува дека максималната брзина на автомобилот е 160 km/h, со полн резервоар може да се поминат 545 km. За полетување мора да се постигне минимална брзина од 130 km/h, а максималната брзина во воздух изнесува 200 km/h, додека најмала брзина во воздух е 60 km/h, и домет од 700 km.

Должината на ова хибридно возило изнесува 6 m, широко е 2,24 m, односно 8,32 m со раширени крила, а треба да се напомене дека станува збор за модел за две лица. Aeromobil 3.0 има и автопилот кој може да ја превземе контролата за време на летот, а во случај на проблем има и систем за катапултирање со падобран.

{loadposition content9}