Грчките власти предупредуваат дека би можело да дојде до исклучувања на струјата за време на летната сезона, откако синдикалците најавиле серија на штрајкови.
Синдикатите на јавната корпорација за енергетика (РРС) соопштиле дека ќе прават делимични 48 часовни штрајкови по повод плановите на владата да продаде делови на доминантниот производител на електрична енергија во земјата.
Грчката влада, предводена од конзервативците, не отстапува од продажбата, кои од нив го бараат меѓународните кредитори. Премиерот Андонис Самарас истакнува дека нема да попушти пред фанатичните популисти, кои сакаат да го запрат неговиот програм за приватизација.
Во план е продажба на 30% од капацитетот на РРС, како и продажба од 17% на државниот удел во оваа корпорација.
Грчкиот министер за развој Никос Дендијас упатил апел до синдикатите на РРС да се откажат од своите намери бидејќи тоа ќебиде штетно за целото стопанство, а нарочито за туризмот, од кој се очекува најмногу да допринесе за излегување од шестгодишната рецесија, која довела до рекордно ниво на невработеност од 28%.
Опозиционите партии застанале на страната на синдикатите а радикалната Сириза побарала референдум за намерата за продажба на РРС.
Се очекува грчкиот парламент, кои има 300 пратеници, за ова прашање да гласа наредната недела, а коалицијата на Самарас има тенко мнозинство од само два пратеника.
{loadposition content9}