Skip to main content

Листа на најпопуларни апликации кои доминираат на телефоните

Иако се достапни стотина илјади апликации, на уредите доминираат апликации само од две компании

 |  инфодеск  | 

Иако по пат на Google Play и Apple Store се достапни стотина илјади апликации, на мобилните телефони доминираат апликациите на само две компании – Google и Facebook.

Истражувањето, кое неодамна го спровела компанијата comStore, покажало дека од десет најпопуларни апликации осум припаѓаат или на Facebook или на Google. Првите две места ги завземаат апликации на Zuckerberg – Facebook и Facebook Messenger, додека на деветото место е Instagram, социјална мрежа чиј сопственик е повторно Facebook.

“Zuckerberg знаеше што прави кога апликацијата за размена на пораки ја одвои од самиот Facebook”, ja коментираат на The Verge големата популарност на Messenger. Иако не се наоѓа на оваа листа, во Facebook можат да бидат задоволни со бројот на корисници на уште една нивна апликација, WhatsApp за која дадоа огромно богатство, а бројот на корисници изнесува околу 900 милиони.

Од третото до шестото место на листата најпопуларни (листата се однесува на двата најпопуларни оперативни системи Android и iOS) се наоѓаат апликациите на Google – YouTube, Google Search, Google Play и Google Maps. На седмото место се наоѓа Pandora, осми е Gmail, а десетото место му припаѓа на Yahoo Stock.

Што се однесува до останатите апликации меѓу 15 најдобри, на 11-то место се наоѓа Apple Maps, потоа Amazon Mobile, Twitter, Apple Music, додека 15-то место му припадна на Snapchat.