Skip to main content

Лоши вести за љубителите на порнографијата

Ново истражување со лоши вести

 |  инфодеск  | 

По студијата која покажала дека луѓето кои гледаат порнографски содржини стануваат мрзливи, еве уште едно истражување на слична тема. Имено, новото истражување носи потенцијално лоши вести за љубителите на порнографските содржини – мажите кои редовно гледаат порно материјали имаат помали мозоци.

Така покажала студијата на институтот Max Planck во Берлин објавена во научното списание Jama Psychiatry.

Научниците со магнетна резонанца снимиле 64 мажи на возраст од 21-45 години. Се покажало дека тие кои често гледаат порнографија имаат помал стриатум – дел од невролошкиот систем поврзан со сексуалното возбудување.

Зошто е тоа така? Авторите на студијата имаат две потенцијални објаснувања. Можно е дека на мажите со помал стриатум имаат потреба од повеќе надворешни стимулации, но можно е и дека високата конзумација на порнографија го намалува овој дел на мозочниот состав. Научниците велат дека ова второто објаснување е поверојатно. 

{loadposition content9}