Североистокот на САД, по снежните бури кои оваа недела однесе 13 животи, се припрема за поплави со најавеното затоплување кое ќе го стопи снегот.
Спрема државната хидрометеоролошка служба снегот во најтешко погодените подрачја содржи во себе помеѓу 10 и 15 цм вода. Западниот дел од државата Њујорк, а посебно подрачјето на градот Бафало од средата го затрпа повеќе од два метра снег. Се очекува во наредните денови зголемување на температурите до 10 степени целзиусови но и повеќе, а во прогнозата се очекува и дожд.
Американскиот црвен крст го повика населението да се засолни на повисоки подрачја.
Официјални лица на Њујорк стравуваат дека бранот поплави ќе сруши некои згради, а се заканува и рушење на покриви од куќи под теретот на нападнатиот снег.
Гувернерот на државата Њујорк, Andrew Cuomo, изјави: “Ако температурите се зголемат брзо како што е најавено, постои опасност од рушење на згради и тешки поплави. Поплавите можат да бидат ужасни, мислам навистина ужасни. Тие можат да бидат пострашни од снежното невреме.”
{loadposition content9}