Skip to main content

Мајката Земја е под притисок

Денот на планетата Земја се одбележува денеска на 22 април ширум целиот свет со различни манифестации како би се обрнало внимание на тоа дека оваа година може да биде пресвртница за унапредување на климатските, енергетските ефикасности, обновување на изворот на енергија, како и отворање на „зелени“ работни места.

 |  Маја Савиќ  | 
den zemja
ден земја

planeta zemjaНа официјалната Интернет страница на Денот на планетата наведено е дека светот денеска е во поголема опасност отколку некогаш, кога е во прашање сочувување на животната средина, а дека денешното одбележување е прилика на поединци, корпорации и владите да се здружат за подобрување на состојба во таа област.

Денот на планетата Земја, Обединетите нации го прогласија пред 40 години за ден посветен на борба против загрозувањето на животната средина, а тогаш повеќе од 200.000 луѓе во светот учествуваа во масовни протести за заштита на животната средина.

Во многу земји во светот, на овој ден се организираат акции кои имаат за цел да ја променат еколошката свест, а во кои, според некои податоци, секоја година учествуваат повеќе од пола милијарда луѓе.

– Без одржлива животна средина, шансите да ја намалиме сиромаштијата и гладта и да го подобриме здравјето и благосостојбата на луѓето се мали, укажа генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун по повод одбележување на меѓународниот Ден на планетата Земја.

Тој ги повика владите, компаниите и луѓето во светот да ја почитуваат планетата Земја и да се грижат за неа така како што таа заслужува.

Бан во пораката потсетува дека одржлива животна средина е еден од осумте Милениумски цели за развој, и рокот за остварување е 2015 година.

Нагласувајќи дека „мајката Земја, нашиот единствен дом, е под притисок“ и дека „и поставуваме неразумни барања“, Бан вели дека сега почнуваме да го согледуваме последиците од своите постапки.

Тој посебно истакна дека нашата немарна грижа за планетата Земја, што се гледа во климатските промени, оштетена озонска обвивка, намален биолошки диверзитет, загадување на водите, најмногу ги погодува оние кои живеат на маргините на општеството.

{loadposition content9}