Угледните фондови Horizonts Ventures и Khosla Ventures, извршниот директор на технолошката компанија Saleforce, Marc Benioff и соосновачот на Facebook, Eduardo Saverin одлучиле да вложат 90 милиони долари вo start-up компанијата Hamptons Creek која произведува мајонез кој не содржи јајца.
Компанијата е основана пред три години, а холандскиот џин Unilever, во чие сопствеништво е познатиот бренд Hellman’s, се откажал од тужбата спрема малиот конкурент во моментот кога се појавиле угледни инвеститори, но се одлучиле на друг начин на борба – преку регулаторните тела и секторските здруженија.
Unilever тужбата ја покренал бидејќи спрема нивните тврдења Hamptons Creek со својата промоција на мајонез без јајца ги манипулира купувачите и така влијае на продажбата на нивниот бренд Hellman’s, но сепак погоре споменатите инвеститори воопшто не ги загрижува тужбата од Unilever.
Основачот на Hampton, Josh Tetrick, објаснува дека тие се технолошка а не прехранбена компанија бидејќи во спротивно немало да привлечат таков профил на инвеститори. “Нив не ги интересира вложување во прехранбена индустрија, нив ги интересира технолошката платформа која се обидува да ја направи храната подобра”, рекол Tetrick
{loadposition content9}