Skip to main content

Навреди поради реформата на пензискиот систем

Макрон како Хитлер, навредливи плакати во Авињон

На прекршителите им се заканува затворска казна од два месеци и парична казна од 7.500 евра за „поттикнување бунт“ и казна од 12.000 евра за навреда на претседателот.
 |  инфодеск  | 
Макрон постери

Властите на францускиот град Авињон покренаа истрага откако се појавија плакати со навредлива содржина на кои францускиот претседател Макрон се споредува со Адолф Хитлер.

Околу 30 постери биле залепени на билбордите низ градот. Наместо мустаќи слични на Хитлер, Макрон доби број 49,3, што се однесува на членот од францускиот Устав, на кој владата се повика во март за да ја усвои контроверзната реформа на пензискиот систем заобиколувајќи ја парламентарната поддршка.

Јавниот обвинител Флоренс Галтје објави дека на прекршителите им се заканува затворска казна од два месеци и парична казна од 7.500 евра за „поттикнување бунт“ и парична казна од 12.000 евра за навреда на претседателот.

На плакатите, покрај сликата на Макрон, има и цитат од Махатма Ганди за „светата должност“ за граѓанска непослушност против „незаконски или корумпирани“ држави.