Skip to main content

Макрон се огласи после виралното видео на кое се гледа дека Брижит му удира шлаканица: Само се шегувавме

Претседателот Макрон ги отфрли шпекулациите дека светските камери можеби биле сведоци на семејна расправија, велејќи дека двајцата само „се шегувале“.
 |  инфодеск  | 

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон вчера реагираше за да го смири вниманието околу виралното видео на кое јасно се гледа дека неговата сопруга Брижит му удира шлаканица пред нивното симнување од авионот во Виетнам за првата етапа од турнејата низ Југоисточна Азија.

На видеото се гледа како вратата од авионот се отвора, а Макрон се појавува. Неколку секунди подоцна, неговата соптуга Брижит му удира шлаканица. Парот, кој е во брак од 2007, потоа заедно се симна по скалите, но Брижит одби да го фати за рака нејзиниот сопруг.

Тоа беше момент кога претседателот и неговата сопруга последен пат се релаксираа со шегување пред почетокот на патувањето. Тоа беше момент на блискост, изјавија од Елисејската палата.

Макрон ја искористи можноста да посочи како реакциите на ова видео ја илустрираат опасноста од дезинформации во ерата на социјалните мрежи.

Тој рече дека други видеа биле користени во последниве недели за ширење лажни приказни – како што се тврдењата дека земал кокаин со британските и германските лидери (во реалноста, тој тврди дека само држел марамче) или дека физички се судрил со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (во реалноста, тие само се ракувале и се држеле за рака долго време).

Фото: Associated press