Skip to main content

Масакр во американската држава Алабама

Најмалку девет лица се убиени вчера од страна на непознат маж во сојузната американска држава Алабама, соопштија америкнските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
ubistvo
убиство
Најмалку девет лица се убиени вчера од страна на непознат маж во сојузната американска држава Алабама, соопштија америкнските медиуми.

По полициската потрага напаѓачот се самоубил.

Масакрот почнал доцна попладнето во градот Кинстон, каде мажот ја запалил куќата на мајка му. Трупот на жената подоцна бил откриен во неа, но спасувачите не успеале да влезат во куќата што се уште горела за да ја утврдат причината за смртта.
Потоа напаѓачот се упатил кон градот Самсон, каде убил петмина – четворица возрасни и едно дете – во нивниот дом. Тој погодил уште по еден човек во други две куќи и отворил оган по полициски автомобил, пред да се упати со автомобил кон соседниот град Џанива, на 20 километри од Самсон.
Според судскиот лекар на округот Кофи меѓу убиените се бабата, дедото, чичкото и стрината на напаѓачот.

ubistvoВо Самсон мажот убил две лица, стрелајќи по продавница и бензинска станица и продолжил да пука по полицајците кои го следеле.
Началникот на локалната полиција бил погоден од куршум, но бил спасен благодарение на заштитниот елек.

Полицијата го следела напаѓачот до фабрика за метални изработки, каде тој влегол и се самоубил.
Мотивите за пукањето се непознати.
Утврдено е дека мажот работел во истата фабрика.
Градоначалникот на Самсон изјавил дека го познава напаѓачот, но не сакал да го идентификува и одбил да ги коментира можните мотиви за масакрот.

 

 

{loadposition content9}