Во пукањето што утринава се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар животот го загубиле осум ученици, наставничка и работник од училишното обезбедување, неофицијално дознава Еуроњуз Србија.
Повредени се вкупно седум ученици и професори. . Наскоро се очекува и официјално соопштение од МВР на Србија. По тој повод, Владата на Србија закажа прес-конференција за 13 часот и 15 минути.
Како што потврдија за Euronews Србија на Универзитетската детска клиника во Тиршова, згрижени се три деца. Едно дете има повреда на главата и итно е пренесено во операциона сала. Две деца имаат повреди на екстремитетите и се лекуваат на одделението за интензивна нега.
Наставничката и трите деца се примени во Ургентниот центар во Белград, а сите имаат прострелни рани во пределот на градниот кош. Повредената наставничка и едно дете треба веднаш да бидат оперирани, додека две деца се на одделението за интензивна нега.
Престрелката се случила утрово, а полицијата добила повик во 8 часот и 40 минути.
„Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на оваа училиште“, соопшти српското МВР.