Во масакрот во Германија загинаа 15 луѓе
Во масакрот во училиштето во средното училиште „Албертсвил“ во Виненден загинаа 15 лица, објавија денеска германските медиуми.
Инцидентот се случи вчера кога 17-годишниот Тим Кречмер пукаше во училиште, а потоа се самоуби.
Кречмер вооржен со пиштол од марката „Берета“ вчера влегол во три учичници и почнал да пука кон присутните. Полицијата пронашла тела на осум ученички, едно момче и на тројца наставници. Напаѓачот бегајќи од училиштето убил уште еден случаен минувач.
Кречмер потоа грабнал автомобил и го принудил сопственикот на возилото да го одвезе во Вендлинген, но бил опколен од полицијата. Во престрелката загинаа двајца вработени во салон за автомобили, а двајца полицајци се ранети. Потоа напаѓачот се самоуби.
Пријателите на Кречмер го опишуваат како мирно момче кое се интересирало за оружје. Неговиот татко во домотр имал колекција од огнено оружје, од каде напаѓачот и го земал пиштолот.
{loadposition content9}