Масакр или обично улично насилство во Њу Oрлеанс?
За време на одржување на парада по повод Денот на мајките во американскиот град Њу Орлеанс, непознати лица отворија оган врз колона од 400 луѓе.
Најмалку 19 луѓе, меѓу нив и две деца, се повредени откако непознати лица отворија оган врз учесниците на парадата за Денот на мајките во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана. Непознати лица пукаа од огнено оружје врз група од околу 400 луѓе кои го следеа, со музика, официјалниот дел од вчерашната парада.Меѓу повредените, кои не се животно загрозени се и две 10-годишни деца.
Претставници на Федералното истражно биро соопштија дека е во прашање улично насилство и ја отфрлија можност од терористички напад.
„Тоа е вообичаен акт на улично насилство во Њу Орлеанс, изјави претставник на ФБИ. Во јужниот американски град во државата Луизијана е забележано едно на највисоките нивоа на криминал во САД.
Полицијата трага по тројца осомничени.
{loadposition content9}