45-годишен маж со огнено оружје вчера уби 12 лица во Цетиње, меѓу кои и две деца. Сторителот делото го извршил во кафеана, а потоа при бегството наводно убил двајца малолетници и ранил една жена, соопшти министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ.
Убиствата биле извршени на пет локации низ градот, а потоа на шестата локација осомничениот извршил самоубиство. Тој со тешки повреди бил пренесен во болница, но на пат кон Подгорица им подлгеднал на повредите.
Полицијата претпоставува дека не се работи за кривично дело поврзано со организиран криминал, туку за емотивен чин. Убиените биле пријатели, кумови и роднини на 45-годишниот убиец. Меѓу нив се и двајца браќа на возраст од десет и 13 години.
Владата на Црна Гора прогласи тридневна национална жалост, почнувајќи од денеска.
Фото: Anadolija Balkan