Наместо впишување лозинки, MasterCard Identity check технологијата овозможува потврда за плаќање на интернет по пат на селфи или допир со прст на екранот на телефонот.
Иако бројот на корисници на интернет и мобилното банкарство и трговија е сѐ поголем, кај голем број луѓе и понатаму преовладува стравот од измами, односно страв дека хакерите би можеле да дојдат до нивните лозинки и пинови и на тој начин да им бидат украдени парите.
Во MasterCard развиле технологија која би требало да ги спречи овие измами и која ќе им овозможи на корисниците безбедност на интернет продавниците така што наместо впишување лозинки или пинови, за потврда на плаќањето ќе биде доволно да снимат селфи – selfie.
Станува збор за технологијата MasterCard Identity check која овозможува потврда за идентитетот по пат на предната камера за селфи или поставување на прстот на скенер за отисоци на прстите на паметниот телефон, а примената ќе започне следната година во финансиските институции во САД, а во остатокот од светот во 2017 година.
“Веруваме дека безбедноста е една од бариерите која го кочи понатамошниот развој на е-трговијата бидејќи луѓето мораат да памтат лозинки, што е многу непријатно”, коментирал за Business Insider Ajay Bhalla кој во MasterCard е задолжен за безбедноста. Идејата е, додал Bhalla, оваа технологија да ги смени животите на луѓето и да им обезбеди изнимно едноставно купување користејќи ги телефоните. Иако препознавањето на лицето не е нова технологија, во MasterCard веруваат дека поради големата популарност на селфито на корисниците нема да им биде проблем да го користат овој начин на потврда за плаќањето, додека за оние кои не се љубители на селфи ќе можат да ги користат сензорите за отисоци на прстите.
Спрема истражувањата, повеќе од 50% на интернет корисниците сакаат замена на лозинките со некоја поприкладна технологија, а во MasterCard веруваат дека во период од три до пет години лозинките ќе бидат историја и ќе ги заменат нови технологии, како на пример MasterCard Identity Check.