Мател ја произведе првата Барби кукла со Даунов синдром
Промовирана прва Барби со Даунов синдром во 64-годишната историја на куклата.
Фирмата Мател соработуваше со американски добротворни организации и медицински експерти за да создаде „најразновидна и инклузивна линија за кукли“
Новата Барби била создадена преку партнерство помеѓу Мател и Националното друштво за даунов синдром, кое се опишува себеси како “водечка организација за човекови права за сите поединци со Даунов синдром”.
Кејла МекКион, портпарол на Националното здружение за Даунов синдром NDSS, беше ангажирана од Мател за да помогне во дизајнот на куклата, која има карактеристики типични за луѓето со Даунов синдром.
Шефовите на Mattel изјавија дека сакале да „овозможат инклузивност на сите деца“.
Овој потег беше поздравен од добротворни организации, при што Керол Бојс, извршен директор на Здружението за Даунов синдром на Обединетото Кралство, рече: „Децата во нашата заедница ќе можат да си играат со кукла што ги претставува“.
Ели Голдстајн, британска манекенка со Даунов синдром, која се појави во кампањата со новата Барби, рече дека е многу среќна што ја гледа новата кукла. Таа додаде: „Различноста е важна за мене бидејќи луѓето како мене во светот не треба да бидат скриени“.