Skip to main content

Предизвикана голема материјална штета

Маж загина во силно невреме на Крит

Поради обилните дождови, улиците целосно се поплавиле, а водата со голема јачина и брзина повлекла автомобили.
 |  инфодеск  | 
Поплава Крит

Едно лице загина, предизвикана е голема материјална штета, а според локалните медиуми постојат информации за исчезнати, во невремето што го зафати приморското место и туристичка дестинација Агиа Пелагиа во близина на градот Ираклио во северниот дел на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Според противпожарната служба на Грција безживотното тело на мажот било пронајдено во автомобил кој од поплавата бил повлечен во морето, а спасена била една жена.

Ираклио Никос Сиригонакис за грчката новинска агенција АНА-МПА рекол дека загинатиот го пронашле нуркачи и паралелно упати апел до граѓаните да ги ограничат нивните движења.

Локалните медиуми објавија дека постојат информации за исчезнати лица, но и дека ситуацијата е особено тешка во Агиа Пелагиа, каде што освен жителите, има и туристи.

Поради обилните дождови, улиците целосно се поплавиле, а водата со голема јачина и брзина повлекла автомобили.