Меѓународен ден на неансилството
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на ненасилството, кој се празнува на денот на раѓањето ма најпознатиот миротворец во светот, Махатма Ганди.
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на ненасилството, кој се празнува на денот на раѓањето ма најпознатиот миротворец во светот, Махатма Ганди.
Ганди бил првиот човек во историјата коуј се залагал да се прошири принципот на не-насилство од страна на поединецот спрема општествени и политички нивоа.
Индискиот лидер за независност употребувајќи нов начин за масовна мобилизација и ненасилна акција, го собори колонијализмот и ги зацврсти корените на граѓанските, политичките и економските права. Со ова инспирираше и многу други борци за слобода како Нелсон Мандела и Мартин Лутер Кинг.
Иако не-насилството многу често се поистоветува со пасивност, не-насилство е активен мандат и претставува акција за борба против насилството. Тоа може да се направи на три начини: протест и убедување, како и протести и штрајкови, одбивање да се соработува и да се учествува во некои активности, и ненасилни активности како што се окупацијата и блокадата.
Собранието на ОН сакајќи да обезбеди култура на мир, толеранција, разбирање и ненасилство ги повика државите, телата на ОН, регионалните и невладините организации и поединците да го одбележат Денот на ненасилството преку едукација и подигање на јавната свест.
{loadposition content9}