Skip to main content

мис универзум 2025

Мексиканката Фатима Бош – Триумф среде контроверзии на изборот за Мис Универзум 2025

Од понижување до победа: Фатима Бош во центарот на вниманието
 |  инфодеск  | 

Мексиканката Фатима Бош беше крунисана за новата Мис Универзум за 2025 година, избор кој годинава го следее низа скандали и контроверзии. Таа во скоро време се соочи со непријатна ситуација и вербални напади од директорот на изборот, кој ја замолчувал и ја нарекол глупава заради организациски несогласувања, на што таа не сакала да премолчи и јавно зборуваше за ова.

Инаку, на почетокот на ноември, Фатима беше јавно понижена пред останатите учеснички и пред пошироката публика по караницата со организаторот, кој сметал дека таа недоволно ја претставува земјата домаќин на социјалните мрежи. Таа му се спротивставила и ја напуштила просторијата, придружена од уште неколку учеснички. Организаторот им се заканил дека сите што ќе ја поддржат ќе бидат дисквалификувани. Наскоро по овој инцидент, следуваа неочекувани оставки на неколку судии, наводно поради оправдани причини, а скандалот кулминираше со ненадејното прогласување на Мис Мексико за победничка.

Организаторите на ова престижно натпреварување беа обвинети за нетранспарентност, претселекција направена без девојките да настапат, од страна на жири кое има конфликт на интереси заради лични врски со дел од учесничките.

Инаку, Фатима во текот на натпреварувањето често зборуваше  за тоа како се соочила со малтретирање во училиште поради нејзината дислексија и ADHD. Родена е на 19 мај 2000 година и има 25 години. Откако ја освои престижната титула, таа доби повеќе од 990.000 следбеници на Инстаграм и повеќе од 690.000 на ТикТок. Студирала моден дизајн на Универзитетот Ибероамерикана во Мексико.