Вчера Мексиканската војска го уби водачот на картелот „Нова генерација Халиско“, Немесио Рубен Озегвера Сервантес, попознат како Ел Менчо. Операцијата е спроведена со помош на американските разузнавачки служби. Во февруари, администрацијата на Трамп го означи картелот како странска терористичка организација.
Четири членови на бандата беа убиени за време на операцијата во градот Тапалпа, во централно-западната држава Халиско, додека тројца војници беа повредени, соопшти мексиканското Министерство за одбрана. Според BBC, одмаздничкото убиство на нарко-босот доведе до широко распространето насилство во најмалку десетина држави, при што членовите на CJNG криминалната група блокираа патишта со запалени возила.
Инаку, Ел Менчо, 59-годишен поранешен полицаец, раководеше со огромната криминална организација одговорна за трговија со огромни количини кокаин, метамфетамин и фентанил во САД. Американскиот Стејт департмент понуди награда од 15 милиони долари за информации што ќе доведат до негово апсење.
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави дека државните и федералните агенции го координираат одговорот на насилството, повикувајќи ги луѓето да останат „смирени“.
Неколку странски авиокомпании откажаа летови до Халиско, вклучувајќи канадска и две американски. САД ги предупредија своите граѓани да избегнуваат пет мексикански држави: Халиско, Тамаулипас, Мичоакан, Герера и Нуево Леон.
Фото: АП