Мемоарите на Блер плагијат?
Тони Блер украл реплика од филмот “Кралицата” кога во своите мемоари ја опишал неговата прва официјална средба со кралицата Елизабета II, тврди сценаристот на филмот, кој открива дека тој самиот го измислил дијалогот.
Бидејќи не постои никаков запис за средбите помеѓу монархот и премиерите а обичај е никој да не зборува за нив, сценаристот Питер Морган не се ни потрудил да дознае што точно си кажале Нејзиното височество и новиот премиер на Британија.
“Вие сте мојот 10-ти премиер. Прв беше Винстон. Тоа беше уште пред да се родите”, вака Блер го запишал дијалогот во својата книга “Патување”, додека во филмот Хелен Мирен во улогата на Кралицата вели: “Вие сте мојот 10-ти премиер, господине Блер. Мојот прв беше Винстон Черчил”.
За Морган постојат три можности кои го објаснуваат ова. Една е дека станува збор за неверојатна коинциденција, што е скоро невозможно, другата е дека Блер одлучил да го прифати неговиот измислен дијалог за официјална изјава а третата е дека пивнал повеќе од што треба, па ја помешал сцената од филмот со она што навистина се случило во 1997-та година. Но, го чуди тоа што Блер отсекогаш тврдел дека не го гледал филмот, за кој Мирен доби Оскар.
{loadposition content9}