Меркел: Ако пропадне еврото, ќе пропадне и Европската Унија
„Ако пропадне еврото, не пропаѓаат само пари, туку и Европа, и идејата за Европска Унија“, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел на доделувањето на наградата Карло Велики на полскиот Премиер Доналд Туск.
| Маја Савиќ | Свет
Таа ги повика европските држави да се борат за стабилност на еврото и наведе дека владите-членки на еврозоната го ветиле тоа и сега треба да го исполнат ветувањето.
Според Туск, финансиската криза е и „можност за јакнење и понатамошен развој на Европа“. И Меркел и Туск изразија оптимизам дека Европа ќе може да ја надмине финансиската криза.
{loadposition content9}