Skip to main content

Овие места се вон домет на обичните смртници

Светот е полн со тајни и ексклузивни места

 |  инфодеск  | 

Московско метро – 2

Никогаш не е потврдено дека постои, но гласините велат дека паралелно со јавното метро под Москва постои и приватно метро. Не се работи за метро кое можат да го користат руските моќници, туку метро кое ги поврзува сите важни институции од државна важност. Се говори дека метрото-2 е подолго од јавното и се наоѓа на длабочина помеѓу 50 и 200 метри. Се претпоставува дека е направено за време на владеењето на Сталин, но до ден денес не е потврдено, а ниту демантирано, од руските власти дека такво метро постои.

Межгорје

Во овој руски град наводно живеат работници кои денот го поминуваат на едно од најтајните места во светот – планината Јамантав. Американската влада со години ги предупредува руските власти да откријат што се случува на таа планина бидејќи сметаат дека се работи за нуклерна станица. Во почетокот на деведесетите на минатиот век американските власти упатиле неколку прашања до Русија да откријат за што се работи, но секој пат добивале различен одговор. Знакот прашалник за оваа локација и понатаму е актуелен.

Ватикански тајни архиви

Иако имаат вакво име, Ватиканските тајни архиви не се тајна и пристапот до нив е дозволен. Секој може да ја проучува архивата, но самото влегување е дозволено само на неколку лица. Се што можете да направите е да предадете барање за да видите некој документ и службениците ќе ви го донесат во читалната.

Јавно е објавен пописот на содржината на архивата, но многумина теоретичари на заверата веруваат дека во архивот се наоѓаат и многу документи за кои јавноста не знае дека постојат, а кои би можеле да ја компромитираат католичката црква. Сите објавени документи се достапни за јавноста со фактот дека се постари од 75 години. Целата архива е сместена во строго чувани простории и подруми кои се совршено климатизирани и припремени за чување на важен материјал кој се чува на отприлика 84 километри полици.

Клуб 33

Иако се верува дека во Дизниленд не се точи алкохол, сепак тоа не е точно. Алкохол е дозволен во секој дел од паркот, но се точи само вон работно време, односно кога паркот е отворен за приватни забави. Иако Дизниленд е јавен забавен парк, внатре постои место кое обични смртници не можат да влезат. Станува збор за клубот 33, приватен клуб за кои членарината изнесува околу 30 илјади долари, а на членство се чека отприлика 14 години.

White’s Gentlemen’s клуб

Најексклузивен клуб во Англија. Го основал во 1693 година Италијанецот Франческо Бјанко за во него да служи нов вид на чоколадо, а со тек на времето станал типичен, а истовремено екстремно приватен клуб за господа. Клубот е познат по својата “книга за обложување” во која се запишуваат бизарни обложувања на членовите. Најпознато обложување е за тоа, која капка вода прва ќе падне низ прозорецот, а влогот бил 3000 фунти.

Клубот е на оваа листа затоа што во него строго е забранет влез за жени, додека мажите можат да станат член на клубот само по предлог на некој постоечки член со поддршка од уште два члена. Ако не сте член на кралското семејство или изузетно успешен бизнисмен или политичар, шансите да влезете во внатрешноста на клубот се сведени на нула.

{loadposition content9}