Компјутерските системи на нуклеарната електрана се хакирани, соопштила компанијата која управува со електраната, со што предизвикала голема загриженост од аспект на безбедноста на нуклеарните постројки во земјата која технички и понатаму е во војна со Северна Кореја.
Јужнокорејската компанија KHNP и владата соопштиле дека хакерите украле само “неважни” податоци и дека не се загрозени нуклеарните постројки. Веста за хакирањето на компјутерските системи во Јужна Кореја дошла во време кога САД ја обвини Северна Кореја за разорен кибернетички напад на Sony Pictures.
Експертите изразиле загриженост дека управувањето со нуклеарните реактори би можело да биде загрозено. “Ова покажува дека ако некој има зли намери да упадне во системот, неможе да се каже дека со сигурност таков обид може во потполност да биде блокиран”, рекол Suh Kune-yull од Националниот универзитет во Сеул.
“Компромитацијата на безбедноста на нуклеарните реактори прилично јасно укажува на тоа дека постои голема дупка во националната безбедност”, рекол Suh кој е експерт за проектирање на нуклеарни реактори.
Меѓутоа, министерот за енергетика е уверен дека нуклеарните електрани можат да блокираат било каков упад на хакери кои би ја загрозил безбедноста на реакторите.
Владата го истражува случајот, но не објавила кој би можел да биде одговорен. Минатата година Јужна Кореја ја обвини Северна за низа кибернетички напади на банки и медиуми.
{loadposition content9}