Помалку од еден месец остана до официјалното претставување на новиот оперативен систем – Microsoft Windows 10 – а токму сега е објавена новата верзија која носи нови промени, помеѓу кои и новиот веб пребарувач.
Конкретно, новата верзија е веројатно последна пред финалната продукциската наречена Windows 10 Insider Preview Build 10158. Веста е објавена на официјалниот Windows blog, а најголемиот новитет е токму конечната имплементација на Microsoft Edge пребарувачот кој во потполност го менува проектот Spartan со чие претставување компанијата од Редмонд го пензионираше Internet Explorer. Секако, поентата на новата верзија не е само во официјалното менување на името, бидејќи Microsoft Edge ги носи следните промени:
-Додавање на копче “Home” директно во пребарувачот
-Увоз на “bookmarks” од други пребарувачи
-Нова “dark” тема
-Можност за отворање на Start Page, New Page, Previous Page или персонализиран сет на страници кога се стартува пребарувачот
-Опцијата New Tab нуди можност на отворање Top Sites или прилагодена содржина
-Нов “Password manager”
-Табовите можат да се повлекуваат со “drag&drop” функција во нови прозорчиња
Во новата верзија Windows 10 се додадени и модифицирани уште некои ставки, воглавно поврзани со Tablet Mode проблемите, Cortan и поддршката за GIF внатре во Photos апликациите, но, најважниот новитет е секако Microsoft Edge со кој екипата во Редмонд има големи планови.