Под водство на Say Nadell, Microsoft стана поинаква компанија која ги следи технолошките трендови и како сите други се обидува да влезе на пазарот кој ќе им донесе нова заработка за наредниот период.
Со оглед дека поприлично задоцнија со паметните телефони и таблетите, Microsoft сигурно нема да ја направи истата грешка, па така, ја претставија паметната белегзија Microsoft Band и Health Market, cloud сервис кој ги следи сите ваши дневни физички активности.
Microsoft Band, паметната белегзија, тргнува во продажба со цена од 199 долари и ќе биде достапна во трговијата и секако онлајн продажбата.
Батеријата на уредот трае 48 часа со едно полнење и е наменета да се носи цело деноноќие, и да прима информации од мобилниот уред.
Microsoft Band може да се користи со iOS, Android и секако Windows уредите. Белегзијата има 10 сензори кои ги следат, сега веќе стандардни активности, како отчукувања на срцето, но новитет е UV сензорот кој го мери изложувањето на сонце со помош на галванизација на кожата а со која може да се измери и количината на стрес.
Microsoft веќе пеговара со партнери како што е MapMyFitness, RunKeeper, Jawbone и Starbuck на кои ќе може да има се плаќа со помош на бар кодот од белегзијата.
{loadposition content9}